Аматерскa порно глумица се чувствувала безбедно за време на секс во автомобил управуван од автопилот, а единствениот страшен момент бил кога таа удрила во воланот и го исклучила автопилотот

Како една од многуте предности на автономните автомобили аналитичарите често го нагласуваат слободното време кое ќе го добијат луѓето, и наместо секој ден по половина час, еден час или повеќе се концентрираат на возењето до работа, ќе бидат во можност да се релаксираат, да гледаат телевизија, слушаат радио, музика, да читаат книги… Во видеото, објавено од Pornhub, а кое може да се окарарактеризира како младост-лудост, бидејќи е исклучително опасно и може да заврши трагично, аматерската порно ѕвезда Тејлор Џексон и нејзиното момче одлучиле да покажат уште еден начин како може да се потроши слободното време за време на возењето во возило управувано од страна на компјутер.

Таа и момчето го вклучиле автопилотот во Tesla Model X и се фрлиле во акција во текот на следните десет минути – за само неколку дена видеото има собрано повеќе од 2 милиони прегледи, а со оглед на написите во голем број медиуми,, оваа бројка сигурно ќе порасне многу. Благодарение на нивното видео, Tesla e најбараниот клучен збор пребаруван на Pornhub, a од оваа компанија дури објавиле и screenshot од видеото на Instagram со порака дека го „пријавуваат“ видеото на Илон Маск, бидејќи за време на возењето никој нема раце на воланот. Првиот човек на Tesla ја прифатил шегата и преку Twitter напиша дека повеќе различни начини да се искористи автопилотот отколку што тој мислел.

Маск веќе некое време постојано го фали автопилотот во Tesla, бидејќи истиот покажува дека тоа е чекор понапред од конкуренцијата и за подобро управува со возилата отколку луѓето. Сепак, и понатаму стои правило дека при возење со автопилот рацете треба да бидат на воланот, а вниманието насочено кон сообраќајот, што не е случај во текот на жешкото возење на Тејлор Џексон.

Таа стана преку ноќ станала позната дури и надвор од порно круговите, а на прашањето од медиумите дали се чувствувала безбедно за време на сексот, таа вели дека често го користи автопилотот, но и дека имале една опасна ситуација кога таа удрила во воланот и го исклучила автопилотот. Нејзиниот заклучок по секс во автономно возило е: „Јас не го препорачувам, бидејќи е опасно.”