Дали и колку кросовер моделите трошат повеќе од останатите автомобили?
Студија во Велика Британија покажува дека разликите се минимални
Интересно истражување спроведено од страна на британските аналитичари. Студијата покажува дека кросовер и SUV моделите не трошат многу повеќе гориво на седан, хеџбек, миниван или караван моделите.
Присуството на погон на четири тркала, поголемата тежина и големата површина во пресек, што го зголемува коефициентот на отпор, води до незначително поголема потрошувачка на гориво. Во анализата во предвид се земени просечната годишна километража и потрошувачката на гориво на кросоверите и автомобилите со друг тип на каросерија но од иста класа.
Според истражувањето, просечната годишна километража на Британците изнесува 15.611 километри. Така, сопствениците на компактни кросовер модели, како Renault Captur и Audi Q2, трошат 1.092 фунти годишно за гориво, што е за 130 фунти повеќе во однос на сопствениците на мали автомобили, како Ford Fiesta и Volkswagen Polo, или 10,83 фунти повеќе месечно.
За гориво кај модели како BMW X1 и Volvo XC40 годишно се трошат 154 фунти повеќе од она што го трошат сопствениците на средно големи автомобили како Honda Civic и Volkswagen Golf, или по 12,83 фунти повеќе месечно. Кросоверите со средна големина како што се Peugeot 3008 и Kia Sportage се поскапи за „хранење“ за 199 фунти или 16,58 фунти месечно.
Сопствениците на автомобили како Volvo XC90 и BMW X5 годишно во просек трошат 1.561 фунти, што е за 409 фунти повеќе од она што го трошат возачите на автомобили како BMW 5-Series или за 34,08 фунти повеќе месечно.
Заклучокот е сосема јасен. Тврдењата дека кросоверите се многу поголеми потрошувачи на гориво, благо речено, се неразумни“.