Jeep Grand Cherokee Trackhawk постави рекордна брзина на мраз во категорија на теренци на Бајкалското Езеро

Со возилото е достигната брзина од 280 km/h благодарение на 6.2-литарскиот V8 мотор од 710 КС, кој овозможува забрзување од 0-100 km/h за само 3,7 секунди и максимална брзина од 290 km/h.

Рекордот е поставен по правилата на Меѓународната автомобилска федерација (FIA), а потврден од страна на Руската автомобилска федерација (RAF).

На традиционалниот годишен настан под името Денови на брзината (2019 Speed Days) во рамките на Бајкалскиот авто-мото фестивал на мраз кој се одржува во Русија, Grand Cherokee Trackhawk успеал да постигне просечна брзина од 257 km/h во текот на еден километар, со старт во движење и просечна брзина од состојба на мирување од над 100 km/h.

Максималната брзина на мраз, според GPS локаторите, била 280 km/h. Jeep Grand Cherokee Trackhawk така го докажува тврдењето на компанијата дека овој модел е најмоќното теренско возило во светот.

Учеството во овој настан е големо оптоварување за системот за сопирање, поради карактеристиките на бајкалскиот мраз. На сонце, површината на ледот е покриена со тенок слој на вода, што го намалува прилепувањето на површината.

Сепак, дури и во такви услови, Grand Cherokee Trackhawk постигнал одлични резултати при сопирање благодарение на Brembo системот за кочење кој користи големи предни сопирачки.

Погонот го обезбедува Jeep Quadra-Trac систем за возење на сите четири тркала, кој по „потреба“ го вклучува диференцијалот со електронски огранично лизгање и еднобрзинскиот разделен менувач за активен пренос, како и Selec-Track системот со пет динамични модови, Автоматски, Спорт, Патека, Снег и Влечење – кои му овозможуваат на возачот да избере поставка на возилото што совршено ги задоволува сите потреби и услови на животната средина, вклучувајќи и возење на мраз.  

Пред трката, сите непотребни предмети се отстранети од возилото Grand Cherokee Trackhawk.

Фестивалот Денови на брзина на Бајкалското езеро за првпат е одржан во 2011 година. Во текот на осум години поставени се преку  20 брзински рекорди во различни категории возила.

Судиите со лиценца од страна на Руската автомобилска федерација постигнувањата ги евидентираат со користење на мерна опрема одобрена од FiA.

https://youtu.be/Ye0_wi_49wA