Британката Кара Делевин e заштитно лице на европската кампања за новиот кросовер

Volkswagen го објави почетокот на рекламната кампања посветена на лансирањето на кросоверот T-Cross на европскиот пазар. Заштитно лице на компанијата е британската актерка, пејачка и модел Кара Делевин.

Иако има 26 години, Делевин зад себе има сериозна кариера. Започнала како манекенка и фото-модел (два пати е модел на годината во Велика Британија), по што снима и неколку филмови (најпознатиот е Suicide Squad). Освен тоа, оваа англичанка пее и свири гитара и тапани, а зад себе има песни со Вил Хард и Фарел Вилијамс.

Делевин извесен период ги полнеше таблоидите поради својот скандалозен начин на живот испреплетен со наркотици. Сепак таа успеа да се справи со овој порок, па дури и напиша книга на темата во која, меѓу другото, признава дека е бисексуална.

„Благодарение на нејзиното минато со многу лица, Кара е совршено лице за Volkswagen T-Cross, бидејќи и автомобилот има многу лица“, велат од германскиот производител.

https://youtu.be/BnPyOxiNlMs