Електричниот Kangoo Z.E. Concept го открива дизајнот на компактниот ван од следната генерација на овој француски производител на автомобили

Новата генерација на Renault Kangoo се очекува во 2020 година, а како и претходната, и оваа ќе има електрична верзија. Со оглед на тоа што повеќето светски производители на автомобили работат на електрификација на своите модели, во Renault одлучиле да го најават новиот Kangoo токму со концепт со погон на електрична енергија.

Kangoo Z.E. Concept донесува комплетно нов дизајн кој ќе ја краси следната генерација на овој компактен ван.

Како потсетување, актуелниот Kangoo Z.E. со 60 КС и батериски пакет од 33 kWh нуди до 650 kg носивост и автономија со едно полнење до 260 km.