Mini тргнува во комплетна електрификација
Популарниот британски бренд Mini оваа есен ќе го претстави својот прв целосно електричен автомобил
Mini, кој работи под покровителство на германскиот BMW, ги привршува тестирањата на својот електричен автомобил, развиен во соработка со кинеската компанија Great Wall Motors.
Со овој модел Mini ќе трегне во комплетна електрификација на својата гама на возила, а тоа го потврдува и член на управниот одбор на BMW, Питер Шварценбауер.
„Не знаеме колку долго ќе трае транзициониот период, но дотогаш ќе се потрудиме да има можност за избор на двата вида на погон (конвенционални SUS мотори и електрични мотори) за секој модел од производната програма на Mini. На крајот, клиентите ќе одлучат каков бренд во иднина ќе биде Mini, односно дали Mini во блиска иднина ќе биде бренд кој ќе произведува само електрични автомобили“, вели Шварценбауер.