Германските медиуми шпекулираат дека Volkswagen го развива Golf R Plus, кој ќе има околу 400 КС со осмата генерација на популарниот модел

Потсетување дека Volkswagen веќе има работено на Golf R со слична моќ (сликата горе), но моделот R400 никогаш не влезе во сериско производство, бидејќи, барем според наводите тогаш, моделот бил прескап за купување и одржување.

Во меѓувреме, работите сепак се сменети, па така, наводно, VW подготвува модел кој ќе чини слично како и Audi RS4 Sportback.

Се вели дека Golf R Plus сè уште нема добиенo зелено светло од бордот на Volkswagen, но има поддршка од првиот човек на компанијата Herbert Dies.

Наводно, предлог дизајнот веќе е завршена работа, и ќе биде значително поагресивен споредбено со стандардната верзија на Golf R.

Исто така, за погонот, се шпекулира дека за погонот ќе биде задолжен 2.0-литарски турбо бензински мотор развиен од Audi. Стандардниот Golf R ќе развива околу 320 КС, а со 4Motion и 7-брзински автоматски менувач од 0-100 km/h ќе забрзува за 3,9 секунди со максимална брзина од 280 km / h.

Продажбата на новата генерација на Golf R треба да започне во 2020 година, додека помоќната верзија Plus се очекува една година подоцна.