Налепници на патот го принудиле автомобилот да почне да се движи во погрешен правец

Системите за асистенција на возачот (ADAS) се развиваат исклучително брзо во автомобилската индустрија. Веројатно, со текот на времето, тие ќе станат многу сигурни, но денес сеуште неможеме комплетно да се потпреме на нив.

Кинеските истражувачи од Tencent Keen Security Lab, водечка светска компанија за истражување во областа на безбедноста, постојано спроведуваат експерименти во оваа област. Неодамна, научниците откриле дека автопилотот на Tesla може многу лесно да се имами. Резултатите од овој тест се доста загрижувачки.

„Измамата“ е направена со обележување на патот, а Tesla Model S е намерно насочен во тој правец за да се види реакцијата на автомобилот. Како што е познато, меѓу другото, автопилотот на Tesla ја користи патната сигнализација за насочување. Ако се е јасно и читко, сè е во ред. Меѓутоа, ако постои гребнатина или некое друго оштетување – намерно или ненамерно, тоа може да биде сериозен проблем.

Според истражувачите, само мали бели налепници поставени на патот се доволни автопилотот да го пренасочи автомобилот во погрешна насока. Налепниците целосно го дезориентираат автопилотот и го возат автомобилот буквално во спротивен правец. Резултатите од тестовите се документирани на веб-страницата на Tencent Keen Security Lab и во видео.

Ова е само еден од идентификуваните начини за можни манипулации на автопилотот. Кој знае што се главата на еден лудак може да размислува, велат кинеските научници.