Во рок од пола година, автомобилскиот пазар е побогат за два нова модела, а кои во многу се разликуваат по цена и целна група на купувачи

Можеби и нема смисла да се спореди возило од премиум сегментот, со „сериски автомобил“ со многу пониска цена, но сличноста на новите генерации на Kia Proceed и Mercedes CLA Shooting Brake се наметнуваат како тема.

Прво, во септември минатата година, Kia го претстави новиот Proceed, кој од својот претходник ја земал само ознаката, но има сосема поинаква форма. Наместо некогашното купе, Proceed сега добил уште еден пар врати и каросерија Shooting Brake, што најчесто се опишува како спортски караван или купе-караван.

Kia Proceed – Димензии (должина / ширина / висина): 4.605/1.800/1.422 mm. Меѓуоскино растојание: 2.650 mm

Mercedes CLA Shooting Brake – Димензии (должина / ширина / висина): 4.688/1.830/1.442 mm. Меѓуоскино растојание: 2.729 mm

Шест месеци подоцна, на почетокот на март оваа година, на салонот за автомобили во Женева дебитираше Mercedes CLA Shooting Brake од втората генерација, а многу автомобилски ентузијасти забележаа сличност на дизајнот. Ова и не треба да биде изненадување, имајќи предвид дека дизајнерите и инженерите на слична проектна задача често даваат сличен одговор, особено кога размислуваат за стилски решенија кои се во тренд во автомобилската индустрија.

Kia Proceed – Багажен простор: 594 l

Mercedes CLA Shooting Brake – багажен простор: 505 l

Иако Kia е корејски производител, оваа компанија сè повеќе ги дизајнира своите нови модели во својот дизајн центар во Франкфурт. Затоа и со право може да се каже дека и Kia Proceed и Mercedes CLA Shooting Brake, се сегашниот производ на европското училиште за дизајн.

И покрај тоа што Mercedes е премиум производител, a Kia е бренд за „широки народни маси“ и двата автомобила се во исто време и слични и различни по многу основи.

CLA Shooting Brake е малку подолг и поширок, а исто така има и повисоко меѓуоскино растојание, па затоа е поудобен кога станува збор за корисно место во патничкиот простор.

Од друга страна, новиот Proceed има поголем багажник од моделот Mercedes (594 до 505 литри), што го прави попогодeн за подолго патување.

Што би избрале вие…