Дремка на волан при брзина од 120 km/h! (ВИДЕО)
На интернет циркулира видео од возач на Tesla кој спие додека со неговото возило управува автопилотот – со брзина од 120 km/h
Сценариото кое до неодамна изгледаше како научна фантастика, во последно време станува се почеста глетка на патиштата – додека возачот спие, со автомобилот управува компјутерот, кој совршено ја врши својата работа. Досега, на интернет се проширија неколку видеа во кои возачите на Tesla се фатени на спиење додека со нивните возила управува автопилотот, а дури е забележан и случај во кој полицијата не можела веднаш да застане автомобил на Tesla кој исто така бил управуван од страна на компјутерот, додека пијаниот возач спиел.
Оваа недела, на интернет се прошири ново видео со заспан возач. Возачот или подобро речено заспаниот „возач“ рацете ги „држи“ на воланот додека контролата над возилото ја има автопилотот, а покрај него поминал автомобил во кој бил Сет Блејк, гитарист на бендот Wage War, кој го снимил и објавил видеото, со напомена дека брзината со која се движело возилото е дури 120 km/h.
Dude is straight snoozing going 75mph on the interstate, letting his @Tesla do the work. ?? pic.twitter.com/RQD2LBSnGh
— SETH BLAKE (@SethWageWar) March 4, 2019
Новинарите од Business Insider упатиле прашање до Tesla во врска со оваа ситуација, но од компанијата не добиле никаков одговор.
Од Tesla постојано предупредуваат дека автопилотот сега за сега не е замислен потполно сам да управува со возилото без надзор и дека возачите секогаш мора да ги имаат рацете на воланот и да внимаваат на сообраќајот, со цел да ја преземат контролата во случај на неочекувани и опасни ситуации.
Во моментов, полицијата во САД води истрагата за смрт на возач кој загинал во Tesla 3 кога автомобилот ќе „забил“ во камион – не е познато дали и неговото возило во тоа време било под контрола на возачот или автопилотот.