Марката ја одбележува 40-годишнината на легендарниот теренец

Импресивни трикови не се нови за автомобилската индустрија. Веројатно многумина се сеќаваат на постигнувањето на Range Rover Sport, кој искачи 999 скалила на патот кон „небесната порта“ во Кина. Тоа изгледаше прилично импресивно, за сега Mercedes да се обиде да ја подигне границата на повисоко нивото со својата G-класаа.

Новата генерација на теренецот е испратена дури на браната Пунта Негро во Аргентина, висока 100 метри. Видеото е така направено, што првично не се гледа никаков наклон и човек има чувство дека автомобилот се движи по рамна површина. Но, не е така.

„Повеќе од 40 години G-класата се развива континуирано, задржувајќи ја својата природа и најважните способности. Нејзината ДНК е посилна од традициите, а испраќа предизвик дури и кон гравитацијата“, коментира Гунар Готенке, одговорен за теренските производи на Mercedes-Benz.

За оние кои се сомневаат дека видеото манипулација, компанията- производител ветува дека на 8 март ќе објави и снимки од зад сцената на снимањето на овој импресивен трик.