
Леклерк: Ривалите на Ferrari ја кријат брзина
Чарлс Леклерк верува дека ривалите на Ferrari не ја покажале вистинската брзина на првото предсезонско тестирање во Барселона
Mercedes и Red Bull не го загрозија врвот на ранг листата во првите три дена од првиот тест, иако Mercedes последниот ден драстично го намали времето по круг.
„Засега покажаното, нема смисла бидејќи е тестирање,. Не знаеме колку другите ги кријат нивните перформанси. Ќе видиме по првата трка. Најголемата важност на овој тест е да стори сé што е планирано и тоа е она што го правевме, па затоа сме среќни“, вели Леклерк.
Тимскиот колега на, Себастијан Фетел, на почетокот од неделава рече дека Ferrari постигнал речиси совршен прв тест. Моќниот почеток, се чини е причината за изјавата на Валтери Ботас дека Ferrari во моментов има подобри перформанси.
„Иако Себ рече дека новиот автомобил не изгледа како нов, мислам дека автомобилот е веќе добро сетиран. Мора да продолжиме да туркаме напред. Другите тимови се кријат. Треба да видиме колку се кријат, но ние во моментов сме задоволни со болидот”, дополнува Леклерк.
Повратните информации од Фетел за моделот на Ferrari, SF90, го вклучуваат и тврдењето дека новиот болид е од доверба и со него може да направи што сака на патеката. Леклерк самиот се согласува дека возењето на болидот на Ferrari е лесно.
„Веќе се чувствувам удобно во автомобилот. Сè уште има многу нешта со кои мораме да се приспособиме, но чувството е многу добро“, заклучува Леклерк.