Тимот на McLaren скромно скромно влегува во следната сезона, со главна цел напредок и успешна промена на стигмата која се врти околу името на McLaren последниве години

Првиот човек на тимот на McLaren, Зак Браун, инсистира на тоа дека претстојната сезона нема да биде сега или никогаш за нив..

Британскиот тим поминува низ период на закрепнување по катастрофалното партнерство со Honda и лошиот дизајн на минатогодишниот болид. По промената од производителот на погонски единици, од Honda на Renault, McLaren успеа да го обезбеди шестото место во шампионатот на конструкторите минатата година и покрај фактот дека имаа несомнено некомпетентен болид во текот на целата сезона.

„Ние сме во процес на менување на сликата што го опкружува овој тим веќе некое време и тоа е голем предизвик за кој сме подготвени да се бориме. Не верувам дека ова е „сега или никогаш“ година за нас, бидејќи ние не го напуштаме овој спорт. Несомнено, следната сезона ќе биде многу важна сезона за нас, особено знаејќи дека направивме огромен чекор напред со минатогодишните промени“, вели Зак Браун.

„Мислам дека проблемот беше во тоа што бевме премногу возбудени поради хипотетичкиот факт дека брзо ќе се вратиме на врвот на поредокот. Го погледнавме минатото, за да разбереме каде направивме грешка во структурните и техничките промени. Затоа, ова е многу важна година за да се покаже напредокот“, дополнува Браун.

Карлос Саинз, кој се приклучи на тимот на McLaren од Renault, изјави дека поставувањето на цели за сезоната пред да се заврти воланот на тестирањата би било голема грешка.