Тимот на McLaren во базата во Вокинг го претстави болидот за новата сезона – MCL34

На презентацијата присуствуваа и двајцата нови возачи – Карлос Саинц и Ландо Норис. По разочарувачката сезона, тимот го напуштија Фернандо Алонсо и Стофел Ваандорн, па оваа година тимот има сосема нова постава.

Според најавите, боите на болидот се слични со оние од минатата година. Доминира „папаја“ портокалова боја, покрај сината на одредени делови.

„Атмосферата во тимот е фантастична“, вели спортскиот директор Гил де Феран.

„Возбудени сме и со нетрпение го чекаме почетокот на сезоната. Кога ќе се навратам назад на ситуацијата во тимот пред шест месеци, кога почнав да работам овде и сега, се чувствувам како да сме шампиони. Болидот сега е во полн сјај. Чувството е неверојатно“.

„Ова е парче уметност и мислам дека многу добро ќе ги покаже сите квалитети на McLaren. Многу се подготвувавме за оваа сезона и мислам дека сме подготвени“.

McLaren се надева дека болидот за оваа сезона ќе биде голем чекор напред по неколку разочарувачки години.

И покрај транзицијата по прашање на погонскиот агрегат од Honda во Renault, минатата година McLaren успеа само да го изедначи најдобриот резултат со Honda. Дали сезоната пред нас ќе  го врати McLaren онаму каде што му е местото, во врвот, останува да покаже периодот кој е пред нас.

2018-2019