Racing Point F1 тимот го претстави болидот со кој ќе се натпреваруваат во својата прва целосна сезона во најбрзиот циркус во светот

Тимот на Force India во текот на минатата година ja промени сопственичката структура и името кога прејде во рацете на канадскиот милијардер Лоренс Строл. За новата сезона, во тимот остана мексиканскиот возач Серхио Перез, додека на местото на Естебан Окон сега е синот на новиот сопственик на тимот – Ленс Строл.

Новиот болид на Racing Point е претставен на Меѓународниот саем за автомобили во Торонто пред повеќе од 200 медиуми, стотици фанови и избрани ВИП гости. Погонската единица ја обезбедува Mercedes, а членовите на тимот се надеваат дека оваа сезона ќе постигнат подобри резултати во однос на минатата.

„Многу сум возбуден што останав во тимот, сега кога започнува една нова ера. Имаме стабилност и силно лидерство, што е многу важно, бидејќи можам да се концентрирам само на возење и добри перформанси. Верувам во овој тим, сакам да се биде најдобар и верувам дека можеме да направиме одлични работи“, вели Серхио Перез.

„Гледам колку потенцијал имаме, а и голем ентузијазам во фабриката. Целите се високи, затоа сакаме да бидеме конкурентни од самиот почеток на сезоната. Мојата цел е да се дојде до подиумот“, вели Ленс Строл.