Toro Rosso е третиот F1 тим кој го претстави својот болид за новата сезона
Возачкиот двоец, Данил Квјат и Александер Албон оваа година треба да бидат многу поконкурентни со новиот STR14 мотор на Honda
Scuderia Toro Rosso го претстави својот нов болид, покажувајќи драматично поразличен аранжман со поголеми аеродинамични ограничувања.
Бојата останува во основа сина, со сребрени и црвени нијанси, што е основен дизајн од 2017 година.
Тимот на Toro Rosso минатата сезона ја заврши на деветтата позиција во шампионатот на конструкторите, а оваа година претендира на повисок пласман.
Тимскиот директор Франц Тост нагласува дека вниманието на деталите е она што ја прави разликата, што значи повеќе перформанси за автомобилот. Исто така беше истакнато е дека благодарноста за новиот болид е насочена кон Red Bull, бидејќи правилата за претстојната сезона дозволуваат и купување на делови од ривалите, а токму болидот за новата сезона се состои од голем број делови купени од минатогодишниот болид на Red Bull.
Take a closer look at our 2019 challenger ? #STR14 pic.twitter.com/U6n8c2bNNv
— Toro Rosso (@ToroRosso) February 11, 2019
Introducing the STR14! ?? pic.twitter.com/rfdUoBO29N
— Toro Rosso (@ToroRosso) February 11, 2019
— Toro Rosso (@ToroRosso) February 11, 2019
Данил Квјат се врати во Formula 1 по нешто повеќе од една година откако го напушти Red Bull.
„Убаво е да се вратиш, тоа покажува дека никогаш не треба да се губи надежта. Не сакам да кажам дали сум се променил. Знам дека имаше многу шпекулации, дали сум зрел или не, но претпочитам да зборувам на патеката. Само сакам да влезам во возилото и да видам што ќе се случи“, вели Квјат.
Вториот возач на Toro Rosso е дебитант во Formula 1. Албон минатата година го освои третото место во Формула 2.
„Ќе се обидам да не си наметнам притисок и ќе дадам се од себе уште од првиот ден. Ова е мојата шанса да покажам што знам. Ова е одлична можност за мене да бидам нов тајландски возач во Formula 1 по долго време. Се надевам дека сите ќе ги направам горди. Немам поставено цели. Секоја година размислував за секоја следна трка, одев чекор по чекор, тренинг, квалификациии, трка…“, вели Албон.
Тестирањето за новата сезона започнува на 18 февруари во Барселона, а првата трка ќе се одржи на 17 март во Австралија.