BMW M850i xDrive First Edition – попожелен здравје!
Од ова атрактивно баварско купе ќе бидат произведени само 400 примероци
Еден месец подоцна по единствениот примерок од Серија 8 кој има парчиња метеорит во внатрешноста, BMW уште еднаш во раце го земал M850i xDrive Coupe за да создаде специјална верзија. Се разбира, таканареченото First Edition се разликува од другите варијанти првенствено по новата металик Frozen Barcelona Blue боја развиена од BMW Individual.
Сосема е јасно дека станува збор за нешто повеќе од само „фенси“ завршница. BMW инсталирал 20-инчни М-фелни со Y дизајн. Овој суперпрестижен Grand Tourer исто така, може да се пофали со BMW Individual High Gloss Shadow Line пакет, кој вклучува голем број на темни акценти, почнувајќи од „бубрегот“, преку рамката на прозорецот до издувните цевки.
Како опција, M850i xDrive Coupe може да се нарача со М-пакет од карбон-фибер влакна или покрив од истиот материјал.
Внатрешноста е домаќин на цел спектар на BMW Individual надградби, што секако First Edition изданието го прави специјално во однос на стандардната верзија. Во дополнителна опрема влегува и М кожен волан, детали во клавир црно издание и индивидуален беџ со кој се нагласува ексклузиниот статус на моделот.
Листата ја заокружува Bowers & Wilkins Diamont Surround аудио уред, стаклени апликации на копчето од iDrive контролерот, копче за зголемување на јачината на звукот, осветлена рачка на менувачот…
Механички промени нема. Да потсетиме, M850i xDrive испорачува 530 КС и 750 Nm од 4.4-литарски двоен-турбо V8 мотор. Моторот е поврзан со осум-брзински автоматски менувач, кој испраќа моќ на двете оски, што пак обезбедува моќен спринт до шеесет милји за само 3,7 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 250 km/h.
Серијата од 400 примероци ќе се симне од производните линии во Динголфинг помеѓу април и јуни.