Јапонската компанија бара начин како да ги продаде своите 100 парчиња од LC500 Inspiration Limited Edition

Сите сакаат да добиваат подароци, а уште повеќе неочекувани. На пример, купувајќи нешто што навистина ни треба, а продавачот одеднаш ни кажува дека за тоа ни следува и подарок. Замислете ако во улогата на таков подарок е луксузниот спортски автомобил Lexus LC500 Inspiration Limited Edition.

Токму така. Автомобилот на подарок ќе го добие секој кој ќе купи една торба. Се разбира, секогаш има нешто со ситни букви. Не станува збор за некаква „обична“ торба од крокодилска кожа на Gucci за 30-тина илјади долари, туку за производ симнат од лентите на јапонскиот производител на автомобили. Оваа торба чини малку повеќе, всушност три пати повеќе – 106.210 илјади долари.

Експертите посочуваат дека торбата е многу квалитетна, со голем обем и е наменета за носење на тешки работи. Јаката жолта металик боја Flare Yellow, во која е обоен Lexus LC500 Inspiration, треба да ја потенцира жолтата боја на шавовите на торбата чија текстура на кожата е во хармонија со дизајнот на внатрешноста на возилото. И што е најважно – произведени ќе бидат само 100 вакви торби или точно колку и примероци од јапонскиот премиум „спортист“.

А за „подарокот“ што да се каже. Лимитираното издание е модел кој се одликува со уникатен дизајн и елегантна комбинација на луксуз, бои и технологија. Покрив од јаглеродни влакна, исто како и праговите, алкантара во салонот, специјално дизајнирани ергономски седишта… Автомобилот се придвижува со 5-литарски атмосферски V8 мотор кој работи во комбинација со 10-брзински автоматски менувач и забрзува од место до 100 km/h за 4,4 сек.