По десет години чекање, Toyota конечно ја претстави новата Supra
Цели десет години, Toyota ја најавуваше новата генерација на Supra, за сега конечно и официјално да е пред нас
Иако суштински модел не се разликува премногу од родстерот на BMW, доаѓањето на Supra за многумина е најинтересната новина на автомобилскиот салон во Детроит. Судејќи според она што може да се види на прв поглед, новата Supra дефинитивно вредеше и требаше да се чека.
Инспирацијата за новиот модел е во концептот FT-1 од 2016 година, што во превод значи дека Supra изгледа одлично, како напред, така и назад. Агресивниот спортски дизајн е совршен, а деталите, како што е централното ниско монтирано стоп-светло, ја прават Supra оригинална.
Во салонскиот дел има малку сличност и со BMW моделот со кој се на иста основа. Се разбира, не очекувајте кралски комфор, бидејќи Supra е компактен спортист со должина од 4,38 метри и висина од само 1,29 метри. Затоа и распоредот на масата, положбата на тежиштето и односот на растојанието помеѓу оските со трагата на тркалата се идеални, а тоа е она што е важно тука.
И додека компонентите од прилагодливата суспензија се оплеменети од Gazoo Racing, моторот носи баварскиот потпис. Три-литарскиот реден шест-цилиндерски е идентичен со оној во BMW Z4, но исто така и малку послаб. Неговиот максимум е 340 КС и 495 Nm, но и покрај тоа Supra е навистина брза. До 100 km/h стигнува за 4,3 секунди, а максималната е ограничена на 250 km/h.
Новата Supra доаѓа со три нивоа на опременост, вклучувајќи ја и особено богатата верзија Launch Edition ограничена само на 1.500 примероци. Во овој случај, цената е 55.250 американски долари, додека основната верзија започнува од 49.990 американски долари. Европа ова лето ќе добие помалку од илјада копии, а почетокот на пазарот во Германија стаартува од 62.900 евра.