Легендарната Серија 2 на BMW и денес е на цена. Тоа е автомобил кој ја најави Серија 3, но исто така и ја обликува баварската компанија по прашање на дизајнот и имиџот

За сите оние BMW фанови кои сакаат копија во модерно пакување и се подготвени да потрошат повеќе пари, германскиот специјалист Everytimer од Велден има решение. Во оваа компанија се подготвени од легендарната 135-ка да го направат легендарниот 2002, и тоа во кабрио издание под ознаката ETA 02 Cabrio. Ова преработено издание на најдобар можен начин го комбинира ретро-дизајнот со модерните технологии.





Преработката која вклучува каросерија од фиберглас, модерни светла во комбинација со Xenon и LED, како и сосема нов ентериер ќе ве чини околу 70.000 евра. Кога станува збор за перформансите, треба да знаете дека редниот 3.0 погонски агрегат со 6-цилиндри дава повеќе од 300 КС, што во превод би било 5 секунди до 100 km/h и максимални 250 km/h.