Како правилно се минува водена површина? / ВИДЕО
Ако имате намера да се впуштите во сериозна теренска авантура, еве неколку совети од Mercedes со помош на G-класата
Новата генерација на off-road легендата на Mercedes е исто така и најлуксузна досега. Сепак, тоа не значи дека ги нема сите оние теренски атрибути кои ја краселе досега.
Што ако наидете на површина со вода со непозната длабочина? Измерете ако имате начин. Мерцедес обезбедува „потопување“ во вода на длабочина од 70 сантиметри, така да тоа е лимитот. Ако не можете да ја измерите длабочината, тогаш не ви останува ништо друго освен слободна проценка и надеж дека се ќе помине добро.
Во водата треба да се влегува полека и споро. Максималната брзина не смее да надмине 10 km/h, а брзината на движење треба да биде константна. Без разлика на околностите, не би требало да застанете.
Сопирачките природно ќе се навлажнат, па затоа би било добро да се отстрани водата од нив со неколку кратно лесно притискање на педалата на сопирачката. На овој начин тие веднаш ќе ја воспостават нивната функционалност.
Погледнете го приложеното видео.