Кога ученикот е подобар од учителот: BMW M2 побрз и од М3 / ВИДЕО
Станува збор за споредба на Competition изведбите кои се познати по нивните бескомпромисни возни карактеристики на чекор од најбрзите спортски автомобили
BMW M2 Competition многумина го сметаат за најдобар возачки автомобил во последните неколку сезони, а според последните резултати, ваквите тврдења имаат силна основа. Автомобилот на патеката Magny-Cours е изнесен од магазинот Motorsport, а возачот е професионален возач, Ромен Мунти. И додека на основниот М2 за круг му требаат повеќе од две минути, Competition изведбата има време од 1: 59.78, кое е подобро од она на BMW M3 Competition, но исто така и Porsche Cayman 718S (и двете возила имаат време од 1:59:59).
Да наведеме дека рекордот на патеката го држи Ferrari 488 Track со време од 1: 44.90.