Дали е ова трка на годината?!

Мет Вотсон и тимот кој стои зад YouTube каналот Carwow, ни подготви уште една автомобилска пресметка за помнење – два суперседани еден покрај друг или BMW M5 Competition vs Mercedes-AMG E63 S.

Баварскиот адут располага со 4.4-литарски twin-turbo V8 мотор кој развива 625 КС и 750 Nm. Моделот на Mercedes-Benz има 4.0-литарски битурбо мотор со 612 КС и 850 Nm. Двата модели имаат погон на четири тркала и автоматски менувач.

Тимот на Carwow направил три тестови. Трка на забрзување на 404 метри од место, трка со „летечки старт“, како и тест за сопирање.

За да го дознаете победникот ќе мора да го погледнете видеото во прилог.