Трите сестрински модели, поставени на иста механичка платформа, го делат првото место во изборот на Autobest 2019 за најдобар автомобил на европскиот пазар. Второто место е за Ford Focus, а третото за новата Toyota Corolla

Новата генерација на Citroen Berlingo / Peugeot Rifter / Opel Combo Life дебитираше пролетта оваа година како заеднички проект на Peugeot-Citroen и Opel, кој од 2017 година во сопственост на францускиот автомобилски гигант.

Стануа збор за најновите патнички верзии на популарните мултифункционални возила кои долги години се присутни на европскиот пазар (напомена дека Peugeot го смени името на својот модел во Rifter од Partner).

Во финалето, на традиционалниот избор за „best buy“ автомобил во Европа, освен победничката тројка, беа и Citroen C4 Cactus, Dacia Duster, Ford Focus, Kia Picanto и Toyota Corolla.

Одлуката за победникот – по финалните тестирања и оцена на финалистите – ја носи стручно жири составено од автомобилски новинари од 31 земја, кои при одлучувањето ги оценувале следните карактеристики на возилата: дизајн, удобност, леснотија на возење, односот вредност / цена и развиеност на продажната и сервисната мрежа.

Минатата година титулата ја освои Citroen C3 Aircross.