Нова судска пресуда која би можела да го „нокаутира“ Volkswagen
Последиците од Dieselgate скандалот продолжуваат да ја прогонуваат групацијата Volkswagen и што е најлошо нема индиции дека наскоро се ќе престане
Последно нешто е одлуката на граѓанскиот суд во Аугсбург која може да има катастрофални последици за VW. Имено, судот наредил VW на сопственик на Golf TDI од 2012 година да му ја исплати целосната цена која ја платил за автомобилот – 30.000 евра. Судот проценил дека VW дејствувал неморално и намерно инсталирал софтвер за мамење на тестовите за емисија на штетни гасови за да го зголеми производството и профитот.
Во VW нормално не се незадоволни од одлуката и најавиле жалба до повисокиот регионален суд, бидејќи се убедени дека судот во Аугсбург погрешно го применил законот. Аргументот на гигантот од Волфсбург е дека околу 9.000 тужби на сопственици на автомобили со ознаката VW биле неуспешни по сопствениците во регионалните и виши судови, па затоа одлуката на судот во Аугсбург е спротивна на одлуките на сите други судови.
Спорниот софтвер VW го имаше вградено во околу 11 милиони дизел автомобили во светот, а поради големиот број на казни, компанијата од Волсбург веќе има исплатено околу 30 милијарди евра на име казни.
Ако некој повисок суд ја потврди одлуката на судот во Аугсбург, и на основа на тоа следните слични случаи се решат во полза на сопствениците на VW автомобили, германскиот производител на автомобили може да има огромни дополнителни трошоци.