По втор пат во два месеци, Mercedes-AMG поставува нов рекорд на Nürburgring. Овој пат, станува збор за најбрзиот сериски SUV

Минатиот месец, Mercedes-AMG GT 63 S стана најбрз сериски модел со четири врати во Нордшлајфе, комплетирајќи круг за 7 минути, 25,41 секунда.

Сега на сцената е Mercedes-AMG GLC 63 S 4Matic кој сега има импресивен резултат, што го прави најбрзиот SUV до ден денешен, кој поминал низ „Зелениот пекол“.

Оствареното време е 7 минути, 49.369 секунди и официјално е признаено од независен прибележувач, со потврда дека состојбата на возилото е во согласност со прописите.

Под хаубата на моќниот Mercedes e поставен 4.0-литарски двоен турбо, а човекот зад воланот е развојниот инженер Маркус Хофбауер. Веќе во првиот обид, GLC и Хофбауер го собориле рекордот на Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio.

GLC 63 S е предводник во своето семејство, воведен во гамата од минатата година. Има 510 КС, кои се испраќаат на сите тркала преку менувачот со 9 брзини AMG Speedshift MCT.

„Тешкашот“ од Штутгарт може да се пофали со четири возачки режими кои ги бира возачот – Comfort, Sport, Sport Plus и Individual.

Системот 4Matic + Variable All-Wheel Drive користи променлива распределба на вртежниот момент на предните и задните оски за да се постигне максимален клиренс.

Погледнете како помина рекордното возење.