Пред последниот тркачки викенд оваа година, дојдоа многу интересни вести од тимот на Williams. Тимот потврди дека второто испразнето место покрај Џорџ Расел ќе го пополни Роберт Кубица. Пољакот се согласил да потпише едногодишен договор со британскиот тим

Кубица беше речиси осум години е надвор од трките во Formula 1. Пољакот во паузата помеѓу две сезони во 2011 година доживеа ужасна рели несреќа. Во тој момент се чинеше дека ветувачката кариера на талентираниот Полјак е завршена. Сепак, минатата година, Кубица прво тестираше за Renault, за потоа да потпише договор со кој ќе стане резервен возач на Williams. Кубица на некои тестирања, кога имаше шанса да вози, имаше дури и подобри резултати од Строл и Сироткин. Поради оваа причина, овој потег на британскиот тим не е големо изненадување. За испразнетото место конкурираше и Естебан Окон, но се чини дека во Williams се одлучиле за искусен возач, кој може да ги повлече работите напред.

Официјалната промоција на Кубица се очекува за време на овонеделниот тркачки викенд во Абу Даби.

За оние кои не знаат или подзаборавиле, Кубица има една победа и тоа во Канада во 2008 година со BMW Sauber. Позадинего се и осум подиуми. Од Sauber во 2010 година преоѓа во Renault, кој планираше да го темели развојот токму на него како главен возач, но по несреќата на Роберт и неможноста да вози, се паѓа во вода. Многумина за него знаеја да кажат дека е иден шампион.

Тимот на Williams, некогаш меѓу водечките, денес е само бледа сенка од минатото. Дали доаѓањето на Кубица ќе влијае на идниот пат и развојот на тимот останува да се види. Во секој случај, Williams сега има искусен брз и талентиран возач, а не два просечни дебитанти, но и плус спонзорство.

Според полскиот печат, Кубица ќе обезбеди 10 милиони евра во буџетот на Williams за следната година, а парите доаѓаат од нафтената компанија PKN Orlen. Зделката за враќањето на Роберт како возач во Formula 1 е најголемиот спонзорски договор во историјата на Полска. Рекламите на PKN Orlen ќе се појават на автомобилите на Williams, комбинезоните на пилотите и екипите на механичарите и инженерите.