Робин Денхолм е новиот претседател на Одборот на директори на Tesla

Како што стои во соопштението од Tesla, новиот претседател на Одборот на директори на Tesla е Робин Денхолм, Денхолм е замената за Илон Муск, кој беше обвинет за манипулирање со цената на акциите на берзата.

Досега, Денхолм била независен член на менаџментот на Tesla, а исто така е финансиски директор на најголемата австралиска телекомуникациска компанија Телестра. Сега таа ќе мора да ја напушти оваа работа за да се концентрира на нејзините нови должности.

Илон Маск беше принуден да замине од позицијата откако беше обвинет дека манипулирал со цената на акциите на Tesla преку неговите изјави од Twitter. Како потсетување, Маск напиша дека ќе ги откупи сите акции на компанијата по цена од 420 долари за акција и ќе ја затвори фирмата за јавност, односно берзата.

Ова значи дека Маск нема да има право да ја преземе функцијата во наредните 3 години. Тој веќе плати парична казна од 20 милиони долари, a таква добила и компанијата. Покрај тоа, ќе биде назначен совет за следење на тврдењата на Tesla, за да не може повторно да се влијае на пазарната цена на производителот на електричнии автомобил.