
Porsche вработува 1200 нови работници, почнува електричната „офанзива“
По хибридната Panamera, Porsche врти нова страница и го подготвува теренот за пристигнување на првиот електричен модел
Се разбира, станува збор за моделот Taycan или сериска изведба на прекрасниот концепт Mission-E, за кој Porsche гради сосема нов производствен погон, интерно наречен „фабрика во фабрика“, а станува збор за технолошки напредна производна линија во фабриката во Зуфенхаузен.
Со моделот Taycan, германскиот производител полека го напушта концептот на класична линија за монтажа какава што се користи од воведувањето на индустриско сериско производство. Porsche така воведува континуиран процес на производство и целосно автоматизиран транспортен систем без возач. Со комбинирање на класична линија за склопување и линија за континуирано производство, ефикасноста на производствениот циклус треба да се зголеми, велат од Porsche. Истовремено, на исто место може истовремено да извршуваат повеќе работни циклуси.
Освен фактот што овој тип на автоматизирано производство ќе биде CO2 неутрален, ќе се зголеми и работната сила. Porsche најави вработување на уште 1.200 работници за потребите на производството на електричниот модел. Во Porsche велат дека планот е инвестиција од околу 6 милијарди евра во електрична мобилност, а до 2025 година се планура зголемување на уделот на електричните модели во сопствената продажба на дури 50%. Интересно, и покрај големите инвестиции, целта за профит не е променета и останува 15%.
Како потсетување, производството на електричниот Taycan ќе започне во септември следната година, а наскоро потоа ќе почнат и првите испораки.