Renault нуди попусти до 10.000 евра за заменa на старите дизели со нови
Но, во Германија
Првиот производител на автомобили кој објави програма за поттикнување на германски клиенти со цел замена на дизел возила од постара генерација за нов автомобил е францускиот Renault. При купувањето на нов автомобил, клиентите – физички лица, ќе добијат попуст, кој може да достигне и до десет илјади евра, во зависност од тоа за кој модел станува збор.
Објавата од Reanult e свежа, а во неа се истакнува дека важи до крајот на ноември оваа година, како и тоа дека физичките лица може да остават возило од било кој бренд, кое ги исполнува стандардите (од Euro 1 до Euro 5).
Овој потег од страна на францускиот производител следи по бројните јавни и политички контроверзи кои се случија во Германија, а по постигнување на договорот за дизелот во рамките на владејачката коалиција.
Ќе биде интересно да се согледа можното влијание на овие случувања на можностите на пазарот во помалку развиените земји на Стариот континент. Имено, при замена „старо за ново“, нашите купувачи мора да прифатат дека посредниците имаат огромна потреба да се вградат со дваесет отсто и во купопродажната цена на откупеното (старо) возило, односно не се задоволуваат само со остварената маржа со продажбата на нови автомобили.