Производителите на автомобили и технолошките гиганти забрзано работат на партнерства формирајќи заеднички вложувања. Очигледно, двете страни имаат сватено дека е подобро да се обединат отколку да работат самостојно на нешто за кое нема соодветна експертиза

Бидејќи автомобилите стануваат мобилни компјутери, на производителите им е неопходно да пронајдат начини како да ги одржат дигитално поврзани од повеќе причини. Меѓусебната комуникација помеѓу автомобилите и комуникацијата помеѓу автомобилите и инфраструктурата наложува обработка и управување со голема количина на податоци, а еден начин сето то ефикасно да се направи е cloud (облак) технологијата како поддршка за бројните сервиси.

Компанијата која влегува во „облаците“ е Volkswagen, и тоа во партнерство со Microsoft. Целта е развој на „сеопфатен индустриски автомобилски cloud“ под името „Volkswagen Automotive Cloud“ или „Volkswagen автомобилски облак“.

Оваа технологија на германскиот гигант ќе му овозможи да обезбеди широк спектар на услуги за клиентите, како „стриминг“, поврзување на паметен телефон, личен асистент, предвидување за вршење на услуга, надградби и подобрувања, како и многу други работи. VW се надева дека ќе вклучува повеќе од пет милиони нови возила годишно во Internet of Things (IoT) во Cloud, со почеток во 2020 година. VW својот сервис ќе го изгради на на Microsoft Azure платформата како и Azure IoT Edge.

Во моментов, иднината на овој тип на поврзување е многу актуелна, бидејќи производителите ја истражуваат оваа област. Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi се здружи со Google, исто како и Volvo. Двата ентитета го воведуваат оперативниот систем Android во своите возила. Сепак, нивната идеја не е толку амбициозна како влезот на Volkswagen во IoT.

Ако производителите на автомобили планира да ги поврзуваат автомобилите и инфраструктурата лансирајќи електрични и автономни возила, ќе им биде потребно решение за размена на големи количини на податоци на ефективен начин се секое поединечно возило. Платформата Cloud го прави токму тоа.

Сепак, тоа исто така значи дека на производителите на автомобили ќе им требаат многу специфични податоци, како што се локацијата и брзината на возилото. Потрошувачите обично немаат проблеми со тоа некои приватни детали да ги пренесуваат преку паметенните телефони на технолошки компании, така да убедувањетро дека истото треба да се направи и со автомобилските марки, не треба да биде тешко.