Мажите се полоши возачи отколку жените!
Голема студија во Велика Британија покажува огромни разлики меѓу половите
Спорот дали жените или мажите се подобри возачи датира со децении, но според последната студија – понежниот пол е тој што ја „носи“ победата. Станува збор за статистика на повреди на патот, извршени од мажи и жени, направена во земја со високо ниво на пенетрација на автомобилите во општеството и редовна експлоатација – Велика Британија.
Интересно е дека Британците се многу поопасни зад воланот, при тоа се склони и кон рецидиви, а единственото прекршување под кои мажите и жените имаат сличност е возењето по употреба на алкохол.
Статистиката е направена помеѓу јануари 2014 и јули 2018, период за кој правото да возат го загубиле 421.565 мажи во Велика Британија, а бројот на казнети со истата санкција жени е 66 272. Најопасни зад воланот се мажите на 26 години – за овој период токму 18.107 возачи на оваа возраст го изгубиле правото да возат за различен период.
Деталната статистика покажува дека овој сооднос се задржува кај различни нарушувања: мажите казнети за опасно возење се 23 пати повеќе, при возење без дозвола разликата е 16 пати, 15 пати при возење по употреба на дроги и сл
Секако, кај овие разлики треба да се земе предвид и фактот дека меѓу мажите возачите се многу повеќе во споредба со бројката кај жените, вклучувајќи и во најразвиените земји.