Кога се зборува за BMW М моделите, М3 некако се наметнува како синоним за забава во возењето

Низ сите пет генерации, М3 го има оправдано прекарот „ултимативна возачка машина“. Без оглед на тоа за кој модел станува збор, секој може да се пофали со агилност, одлична управливост и многу моќ. Сепак, кој од петте примероци би требало да биде најбрз во трка на забрзување на 400 метри (четврт миља)? Логиката секако вели накновата генерација.

Мет Вотсон од CarWoW решил ова и да го провери. Сепак, на стартната линија од некоја причина го нема E36 M3, првиот со шест-цилиндерски мотор.

Најстариот примерок е E30 M3, чие деби е во далечната 1986 година. Она со што располагале во CarWow сепак е нешто понова верзија во лимитирано издание, Roberto Ravaglia (во Велика Британија), придвижуван од 2.3-литарски 4-цилиндерски мотор со 215 КС.

Моделот E36 од некоја си причина е испуштен, а следниот е вистинско колаче, E46 M3 CSL. Ова е уште еден модел во ограничено издание, од кое има само 500 примероци. Ппомоќен е, но и 110 килограми полесен од стандардниот М3 од својата генерација. Неговиот 3.2-литарски реден мотор со шест-цилиндри испорачува 365 коњи. Потоа, тука е E92 GTS, со најголем волуменски мотор. Тоа е 4.4-литарски, атмосферски V8 со 450 КС.

Како сето ова завршува, ќе погледнете сами.