Запознајте го JETcopter

Во трката за прв летечки автомобил влезе нова компанија, со модел чиј дизајн ги има своите корени во 1940-тите години на минатиот век.

JETcopter е хибридно летало именувано по истоимената германска компанија за истражување и развој. Идејата за JETcopter доаѓа од холандскиот дизајнер Александар Вејгерс и неговиот дизајн за летало наречен Discopter, со кое сакал да го привлече интересот на американската војска уште во 30-тите години на минатиот век.

Идејата на Вејгерс не нашла плодна почва кај американската армија поради избивањето на Втората светска војна и оттогаш како да паднала во заборав. Неговиот дизајн изгледал како летечка чинија, а станувало за летало што може да полетува и слетува вертикално, а е наменето само за еден патник.

Моторот на JETcopter потсетува на оригиналниот дизајн на Вејгерс, остатокот од леталото е повеќе како стандарден хеликоптер, а германската компанија своето летало го споредува со хеликоптерите, кога станува збор за безбедноста, брзината и цената на употреба.

JETcopter се состои од две центрифугални воздушни турбини, чиј погон се два мотори со по 400 коњски сили. Турбините се со дијаметар од 2,2 метри и секоја ротира во спротивна насока наспроти другата и создаваат потисок идентичен со хеликоптер со дијаметар од околу десет метри.

Планот е да се создаде тело од јаглеродни влакна за JETcopter и со простор за транспорт на 6-8 лица со максимална брзина на летање од 1000 километри и максимална брзина од 300 километри на час.

Цената на JETcoptera поставена е на околу 300.000 евра, а од германската компанија велат дека тие би можеле да имаат оперативен прототип во рок од 24 месеци.

Loading...