Половина од моделите на Volkswagen во Германија сè уште не добиле WLTP сертификат
Од Volkswagen велат дека само половина од нивната моделна гама во Германија е во согласност со новите стандарди за животната средина, од проста причина што тие се многу построги
Автомобилите во Европската унија мора да се усогласат со новата „ Глобална ускладена тест процедура за лесни возила“ (WLTP), почнувајќи од 1 септември, меѓутоа, Volkswagen добил „зелено светло“ од соодветните органи за седум од 14-те големи модели.
„Новите тестови се погломазни и потребно е два до три пати повеќе време да се извршат отколку што тоа беше случај порано, затоа што дури и модели од ограничена серија мора да се тестираат одделно“, вели Томас Кан, шеф на продажба и маркетинг за брендот Volkswagen. „Следните месеци се предизвик за нас“.
Бестселерот на VW, Golf, е меѓу оние модели кои чекаат одобрување од страна на властите, а Кан вели дека очекува моделот да добие зелено светло до крајот на септември.
Се очекува дека испораката на автомобили до потрошувачите ќе забави во септември и октомври, со цел да се забрза во последните два месеци од оваа година.
„Очекуваме многу добра продажба во декември“, додава Томас Кан.
Производителите на автомобили, вклучувајќи ги Daimler, Volkswagen и компанијата за снабдување Valeo, ги намали прогнозите во врска со профитот, обвинувајќи ја за тоа побавната продажба на глобално ниво, која е делумно предизвикана од одложувањата во добивање на сертификат според новите стандарди.
Аналитичарите од Evercore ISI велат дека одложувањата предизвикани од воведувањето на WLTP, со кои сега се соочува Volkswagen, ќе бидат контролирани, бидејќи германскиот производител на автомобили не овозможи значајни намалувања на цените со цел да се задржи сегашната продажба.
Сепак, одлагањето ќе предизвика пад на профитот на брендот за околу два проценти во третиот квартал, а 5,5 проценти во третиот квартал, велат од Evercore ISI.