Германскиот возач на Ferrari, Себастијан Фетел, триумфираше на Големата награда на Белгија и на тој начин стигна до својата петта сезонска победа

Себастијан Фетел трката ја започна од втората позиција, веднаш зад Луис Хамилтон, но веќе во првиот круг го мина и ја задржа својата позиција како лидер на трката до самиот крај.

Она што ја одбележа трката секако беше турбулентниот старт, кога Нико Хулкенберг, поради ненавремено кочење, слно удри во болидот на Фернандо Алонсо, кој практично полета како катапултиран.

Тоа беше крај на трката за двајцата, а Алонсо подоцна изјави дека „единственото позитивно од почетокот на трката е тоа што ниту еден од возачите не бил повреден, а тој не можел да стори ништо за да го избегне инцидентот“.

Веднаш по стартот, контакт дојде и помеѓу возачот на Ferrari, Кими Раиконен и возачот на Red Bull, Даниел Рикардo. Финецот набрзо потоа ја заврши трката, додека Рикардо подолго време се обиде да се пробие место погоре од 16-та позиција, за кон средината на трката во Белгија и тој да се откаже.

Макс Ферстапен во еден момент му се закани на Хамилтон, го помина, но возачот на Mercedes, сериозно го разбра моментот, брзо се врати пред Холанѓанецот и ја заврши трката на втората позиција.

Дефинитивно добра трка за Валтери Ботас, колегата од Хамилтон од Mercedes, кој започна од 17- место, но успеа да пробие до солидно 4-то на крајот од трката.

Ова беше 52. победа во кариерата за Германецот Себастијан Фетел, а трета во Белгија на Спа. Со новите бодови кои ги носи победата, го намали водството на Луис Хамилтон во генералниот пласман на 18 бода.

2018 Belgian Grand Prix (Резултати)

2018 Belgian Grand Prix (Highlights)

Генерален пласман (ВОЗАЧИ)

Изјавија по трката:

Себастијан Фетел (Ferrari)

„Почнав добро, не сум сигурен дали Луис ме виде, бидејќи ме натера да се повлечам крајно лево на патеката по стартот. Но откако минатата година останав без победа, оваа година е подобро“, изјави Фетел по трката.

„Добро стартував по безбедносното возило, по што беше лесно. Се свртевме и ја контролиравме трката. Имав среќа што не изгубив многу време во сообраќајот на патеката, а во последните 15 круга Луис не се ни трудеше. Уживав во трката“.

Луис Хамилтон (Mercedes)

„Му честитам на Себ. Направив се што можев, но тој беше многу добар. Пројде покрај мене како да не бев таму. Мораме да продолжиме да работиме и да видиме што може да се направи. Тие имаат неколку трикови во болидите, направив се што можев, всушност ние сите направивме се што можеме. Постигнуваше времиња кои јас неможев да ги постигнам, а тогаш сватив дека е подобро да го сочувам моторот”