Трката во Кралската класа за ГН на Велика Британија беше откажана поради големо невреме проследено со силен дожд кој не престана да паѓа на патеката Силверстоун

Трката според стандардниот распоред требаше да започне во 14 часот, но организаторите уште во саботата го преместија почетокот за 90 минути порано, поради најава за големо невреме.

Сепак, најдобрите мотоциклисти во светот не можеа да започнат дури ни во овој термин, па почетокот беше повторно одложен за подоцна во текот на денот.

Одлуката требаше да биде позната во 16 часот, но организаторите истата ја пролонгираа за уште еден час подоцна. Во 17 часот по македонско време, возачите сепак одлучија да не стартуваат поради недостаток на минимум безбедносни услови.