Чешкиот производител официјално го одбележи производството на својот милионити SUV

Škoda до овој значаен јубилеј стигнува по само една деценија од лчансирањето на својот прв SUV модел.

Имено, првото возило од овој тип, Škoda Yeti дебитираше во 2009 година, а до крајот на производството во 2017 година се произведени вкупно 684.500 возила.

Одлични продажни резултати бележи и вториот SUV модел на чешката компанија – Škoda Kodiaq. Овој модел со опционалната верзија со 7 седишта стигнал до 215.700 клиенти по започнувањето на производството во 2016 година.

Наследникот на Yeti, моделот Karoq, беше претставен во 2017 година, а во меѓувреме до клиентите се испорачани 87.800 единици од овој компактен SUV автомобил.

На крајот треба да се спомене и најмладиот член на Škoda SUV гамата – моделот Kamiq, кој е наменет за клиентите во Кина, а од своето деби оваа пролет досега е продаден во 12.000 примероци.

Милионитиот Škoda SUV е зелен Karoq со 1.5 турбо бензински мотор со 150 КС и опционален DSG менувач наменет за клиент во Шпанија.