F1 тимот на Red Bull потврди дека Пјер Гасли ќе биде новиот тимски колега на Макс Ферстапен за следната сезона на местото од Даниел Рикиардо

Гасли во моментов вози за Toro Rosso, а дебитираше минатата година на Малезиското ГП, за оваа сезона биде промовиран во првиот тим.

Во Бахреин беше четврти, што е најдобриот резултат на Honda по враќањето во Formula 1 во 2015 година. По оваа трка, Гасли беше седми во Монако и шести во Унгарија, по што логично се наметна неговата кандидатура за замена на Рикардо

McLaren минатата недела објави дека потпишал договор со Карлос Саинц Јуниор, кој беше единствениот вистински ривал на Гасли за пополнување на испразнетото место на Рикардо.

Шефот на тимот на Red Bull, Кристијан Хорнер вели дека „ѕвезденото издание“ на Гасли оваа година, го подобрило неговиот углед и го лансирало меѓу најатрактивните млади возачи во мотоспортот. Она што е исто така позитивно, според Хорнер, е дека Французинот ќе донесе искуство со моторите на Honda, бидејќи и тимот на Red Bull од следната година преминува на агрегатите на Honda.

„Со оглед дека Пјер првото влегување во Formula 1 го имаше со Scuderia Toro Rosso, пред помалку од една година, тој без сомнение го покажа својот талент, кој Red Bull го негува уште од почетокот на неговата кариера”, вели Хорнер. „Со нетрпение чекаме Пјер да ја донесе својата брзина, вештина и став во тимот следната сезона“.

Пјер Гасли е единствен возач на Red Bull, кој освоил титула во пониските категории (GP2 шампион од 2016 година). Потоа се преселува во Super Formula, практично на чекање за добивање на шанса во Formula 1. Тој неговиот брз влез во елитната серија го опишува како „реализиран сон“.

„Откако бев во програмата за млади возачи на Red Bull во 2013 година, мојата цел беше да се тркам за овој тим“, вели Гасли. „Оваа одлична можност е нов чекор кон постигнување на амбицијата за освојуваме големи награди и натпреварување во светскиот шампионат. Целта на Red Bull е секогаш да се бори за титули и да победува, а тоа е она што го сакам“.