Шпанскиот возач Карлос Шајнц Јуниор од следната сезона ќе вози за тимот на McLaren како наследник на Фернандо Алонсо, објави англискиот Formula 1 тим

Карлос Сајнц Јуниор, кој моментално настапува за Renault, договори повеќегодишна соработка со McLaren како замена за поранешниот двоен шампион Фернандо Алонсо кој објави крај на Formula 1 кариерата по завршување на тековната сезона.

„Воодушевен сум што ќе бидам возач на McLaren од 2019 година. Ова го барав некое време и возбуден сум што ќе отворам нов поглавје во мојата кариера. Многу одлични возачи биле во тимот, еден од нив е секако и Фернандо, кој сега вози, а јас ќе ја продолжам традицијата на Шпанаци во McLaren”, изјави Сајнц Јуниор за ангажманот во McLaren.

Карлос Сајнц Јуниор моментално е на 11-та позиција во генералниот пласман за Formula 1 возачи со 30 поени.