Колку е важeн ESP системот / ВИДЕО
Во време кога SUV / crossover моделите се се поприсутни на патиштата низ целиот свет, овие модели се речиси незамисливи без електронскиот системи за контрола на стабилноста при возење (ESP)
И покрај тоа што е многу важен за безбедноста на сите типови на возила, ESP системот е особено важен за возила со високо тежиште, како што се SUV и кросовер моделите. Овој тип на автомобил е особено чувствителен кога одеднаш се менува правецот на движење, дури и при релативно мали брзини.
Ова најдобро се гледа на т.н. „тест на северниот елен“, кој со децении го врши шведското списание Teknikens Värld (Светот на трскалата), а во последно време и некои други автомобилски списанија од целиот свет.
Тестот се состои од маневар за ненадејна промена на правецот на движење, при брзина од 60 km/h (или повисока), сo кој се симулира избегнвање на одредена пречка на патот (како на пример северниот елен, чии природни насоки на движење често ги пресекуваат патиштата во Шведска). На овој начин се утврдува колку одреден модел е стабилен и безбеден во дадените околности.
И покрај тоа што одамна е дел од стандардната опрема во сите нови автомобили кои се продаваат во Европа, ESP системот се уште не е задолжителен на пазарите во некои од помалку развиените земји на светот, па производителите го нудат како опција на клиентите со цел и клиентите со помала потрошувачка моќ да можат да си дозволат автомобил .
Таков е случајот и со Мексико, каде што некои модели, како што е кросоверот Nissan Kicks, се продаваат со опционален ESP. Тоа го поттикнало мексиканскиот магазин Autologia на ваков тест да изложи верзија со и без вграден ESP систем, при брзина помеѓу 60 и 65 km/h.
Резултатите од тестовите варираат драматично во зависност од тоа дали кросоверот на Nissan е опремен со електронски систем за контрола на стабилноста или не.
Nissan Kick прво бил управуван без ESP, а потоа со ESP:
Nissan Kicks се продава на многу глобални пазари, вклучувајќи ги и САД, каде што можеби поради нешто поконзервативниот дизајн овој модел истиснал друг модел на Nissan во овој сегмент – Juke, кој ќе биде повлечен од пазарот во САД.
За разлика од Мексико, ESP системот е дел од стандардната опрема за Kicks во САД.