Британското издание Herald подготви класификација на најекономичните автомибили за возење во градски услови

Овие шест автомобили се избрани по неколку критериуми – компактни димензии, ниска потрошувачка на гориво и популарност на пазарот

1. Ford Fiesta

Ford Fiesta е во Топ 20 најпопуларни модели во светот, а во 2017 година беше во првата десетка. Производителот нуди 1.0-литарски EcoBoost мотор кој троши 4,9 l / 100 km. Хечбекот исто така е многу сигурен, а освен тоа има дизајн кој им се допаѓа на љубителите на овој тип на возила.

2. Volkswagen Polo

Volkswagen Polo секогаш бил многу популарен на пазарот, а неговата нова генерација нуди доста интересна и економична опција – верзија со 1.2-литарски бензински мотор со кој потрошувачката на гориво е 4,7 l / 100 km.

3. Kia Rio

Rio генерално е создаде како економичен автомобил дизајниран да и се допадне на помладата клиентела. Корејските инженери кога станува зборт за економичноста навистина успеале – потрошувачката е 3,6 l / 100 km. Овие бројки се однесуваат за 1.1-литарскиот дизел агрегат, кој е еден од најекономичните на пазарот. Дизајнот секако е само уште еден плус за моделот.

4. Toyota Aygo

Кај Toyota Aygo кога станува збор за дизајнот ситуацијата е малку поинаква, бидејќи овој автомобил не им се допаѓа на сите. Сепак, со 1.0-литарскиот бензинец под капакот на моторот, моделот троши само 4,1 l / 100 km, што го прави возилото многу погодно за градски услови. Дури и при густ градски сообраќај, моделот не троши многу повеќе.

5. Peugeot 208

Уште еден компактен и економичен урбан автомобил. Еден од најмалите модели на Французите е опремен со 1.0-литарски бензински агрегат кој троши 4,5 l / 100 km. Дизајнот изгледа малку едноставен, но внатрешноста е импресивна.

6. Renault Sandero

Во случајот британското издание го наведува Sandero, но во верзија понудена од Renault, а не од Dacia. Двете возила не се разликуваат, но причината за избор на францускиот модел е дека тој е најевтин во палетата на брендот, а 1.5-литарскиот дизел под хаубата е меѓу најекономичните мотори на планетата. Неговата потрошувачка е 3,9 l / 100 km. Тука е и бензинската верзија со 0.9-литарски агрегат кој троши 5,0 l / 100 km.