Сегментот SUV / crossover продолжува да расте во Европа. Во јуни е забележан пораст на регистрациите и покрај слабата побарувачка во Велика Британија, вториот по големина пазар, каде што Brexit си го направи своето

Бројот на регистрации на патнички автомобили во Европската унија и пазарите на ЕФТА минатиот месец се зголемил на 1,62 милиони, од 1,54 милиони минатата година, според податоците на ACEA.

Најпрофитабилни биле брендовите што лансирале нови SUV и кросовер модели. Jeep, Volvo, Jaguar, Seat и Volkswagen се меѓу оние кои забележале двоцифрен раст. Продажбата на Nissan, Land Rover, Fiat, Alfa Romeo, Ford и Mercedes-Benz опаднала.

Лидерот на пазарот, Volkswagen Group забележал продажба поголема за 13 отсто, со тоа што Seat е 19 проценти во плус, благодарение на новата Aronа, исто како и Volkswagen благодарение на T-Roc – 16 проценти. Porsche исто така бил подобар од минатата година, за 12 отсто, како и Skoda – 8,5 отсто. Audi исто така напредувал – 5,6 отсто повеќе продадени возила.

PSA Group, европскиот производител број 2, продажбата ја зголемил за дури 66 отсто, се разбира, благодарение на Opel / Vauxhall, кој и официјално е во статистиката. Citroen бил подобар за 7,1 отсто, Peugeot за 6,9, додека DS и понатаму паѓа (- 27 проценти). Продажбата на Opel / Vauxhall паднала на 91.012 единици, од 95.054 во јуни минатата година.

Групацијата Renault-Nissan имала подобра продажба за 4,6 отсто, за што е заслужна и поголемата продажба на Dacia за 12 проценти. Renault како посебен бренд исто така бил подобар за 4,6 проценти.

Групата Fiat Chrysler Automobiles остварила нешто пониски перформанси во споредба со минатата година (-2,6 проценти), во голема мера поради падот за 9,5 проценти на Fiat и 8,2 проценти на Alfa Romeo. Во меѓувреме, Jeep продажбата ја зголемил за дури 72 проценти.

Ford е еден од оние кои имаат намаена продажба споредбено со минатата година. Бројот на регистрирани возила паднал за 8,3 отсто.

Што се однесува до азиските брендови, Toyota има напредок од 13%, Kia за 6,8 и Hzundai за 5,5 отсто. Nissan има 13 отсто подобра продажба.

Кога станува збор за за премиум брендовите, Volvo има раст од 29 проценти, благодарение на новиот XC40. Jaguar бил подобар за 19 проценти, Lexus за 12 проценти, а BMW за 9,9, додека Mercedes-Benz паднал за 7,3 проценти. Land Rover исто така има намалена продажба за 11 отсто.

Франција и Шпанија го надокнадуваат падот во Обединетото Кралство

Одличната продажба во Германија, Франција и Шпанија ги неутрализира лошите резултати на Велика Британија и Италија.

Побарувачката за нови автомобили во Франција се зголемила за 9,2 отсто, за 8 отсто во Шпанија и 4,2 отсто во Германија, најголемиот европски пазар. Спротивно, продажбата во Обединетото Кралство паднала за 7,3 отсто.

Аналитичарите очекуваат дека продажбата на островот ќе продолжи да паѓа, до есен, кога може да има подобрувања ако преговорите со Европската унија одат во правилна насока.