Додека фудбалските фанови во Италија со нетрпение го очекуваат потенцијалното пристигнување на Кристијано Роналдо во Јувентус, оваа приказна навистина не им се допаѓа на вработените во Fiat

Имено, од елиминацијата на Португалија од Мундијалот во Русија, медиумите шпекулираат дека Роналдо од Реал Мадрид кариерата ќе ја продолжи во Јувентус за околу 100 милиони евра со годишна плата од 30 милиони евра.

Многумина сигурно се запрашуваат што има со ова Fiat. Проблемот е во тоа што семејството Ањели, кое поседува 29,18% од акциите на Fiat, исто така е мнозински сопственик на Јувентус со 63,77% од акциите.

Покрај договорот, Fiat му нуди на Роналдо да биде и амбасадор на брендот, што веројатно значи дополнителни пари за играчот од компанијата.

Ова ги налутило работниците на Fiat, бидејќи тврдат дека не добиле повисока плата веќе 10 години, а тешко го поднеле и доаѓањето на Гонсало Игуаин во Јувентус за 95 милиони евра пред неколку години.

„По Игуаин, сега Роналдо. Ова е срамно. Само од платата на Роналдо би можело да се дадат на секој вработенпо пд 200 евра месечно повеќе“

„Ние не сме добиле покачување веќе десет години, а поради инфлацијата изгубивме 10,7% во тој период. FCA потроши 126 милиони евра годишно за спонзорство, од кои 26,5 милиони за Јувентус “, рече Џерардо Џиноне, работник во фабриката ФИАТ во близина на Неапол.

Со оглед на тоа каде се наоѓа, Џианон веројатно е навивач на Наполи, па потенцијалното пристигнување на Роналд во Јувентус е дополнително фрустрирачко поради клубот што го сака.