Фетел подобар од Хамилтон во F1 спектаклот на Силверстоун!
Германецот Себастијан Фетел од Ferrari, славеше на Големата награда на Велика Британија во Силверстоун
Ако претходната трка многумина ја оквалификуваа како одлична, тогаш оваа во Силверстоун дефинитино беше најдобрата во досегашниот тек од сезоната. Германецот победата ја обезбеди дури на пет круга до крајот кога успеа да го претекне Финецот од Mercedes, Валтери Ботас. На второто место заврши актуелниот шампион Луис Хамилтон, додека подиумот го комплетираше Кими Раиконен. Ботас на крајот сепак заврши само на четвртото место.
Пласман во бодови обезбедија и Даниел Рикардо, Нико Хулкенберг, Естебан Окон, Кевин Магнусен, Фернандо Алонсо и Серхио Перес.Трката веќе на самиот старт започна со инцидент. По првите свиоци, во борба за позиција,Раиконен направи грешка и го удри Хамилтон, кој од лидерската позиција падна на последното место. Контактот беше само со гумите, па затоа и немаше оштетување на болидите и на двајцата возачи.
Хамилтон падна на последното место, додека Раиконен го загуби своето стартно место, а подоцна и беше казнет од стјуардите со дополнителни десет секунди на конечното време.
Хамилтон брзо напредуваше во поредокот, но сепак јасно беше дека му е потребен некој вид на „хаос“ и влегување на возилото за безбедност на патеката, со цел да им се приближи на водечките во трката, што и се случи во 33-от круг, поради излетувањето на Маркус Ериксон.
.@Ericsson_Marcus' race comes to an abrupt halt at Turn 1 #BritishGP ?? #F1 pic.twitter.com/Uj6IN4q3Xc
— Formula 1 (@F1) July 8, 2018
Безбедносното возило ги забави и ги приближи возачите, нешто што му беше потребно на Хамилтон. Раиконен потоа се обиде да го помине Ферстапен, но не успева во намерата по што само два круга откако возилото за безбедност ја заврши својата работа, повторно мораше назад на патеката поради друг инцидент во кој главни актери беа Карлос Саинц и Роман Грожан. Кога возилото за безбедност се повлече, се чини започна решавачката борба.
? A scary moment for @Carlossainz55 as his car nearly tips over during a collision with @RGrosjean #BritishGP ?? #F1 pic.twitter.com/OrCX0eYDbS
— Formula 1 (@F1) July 8, 2018
На пет круга до крајот Фетел успеа да го помине Ботас, како и Хамилтон, но и Раиконен, по што Финецот од Mercedes падна на четвртото место. Британцoт не успеа да го загрози Германецот на првата позиција, како што и Раиконен не му можеше ништо на Хамилтон.
Unmissable drama ?
Mercedes and Ferrari went toe-to-toe in the final laps of a thrill-a-minute #BritishGP pic.twitter.com/D5pI6TmGKB
— Formula 1 (@F1) July 8, 2018
На крајот, Фетел дојде до својата 51-ва победа и се изедначи со Ален Прост според бројот на победи.
2018 British Grand Prix: Резултати
2018 British Grand Prix: Race Highlights
Рекоа по трката
"I find it a bit unnecessary to even go there"
Lewis, Seb and Kimi give their reactions to that first-lap incident#BritishGP pic.twitter.com/FABsbL3qU5
— Formula 1 (@F1) July 8, 2018
2018 Formula 1: Генерален пласман / ВОЗАЧИ
Со новата сезонска победа, Фетел сега има 8 поени пред актуелниот шампион, а Ferrari му „бега“ на Mercedes za 20 поени. Следната трка се вози за две недели во Германија на Хокенхајм.