Според информациите од аукциската куќа RM Sotheby’s, примерок од Ferrari 250 GTO ќе биде продаден по цена од над 45 милиони долари

На тој начин, ова Ferrari ќе го сруши досегашниот рекорд и ќе стане најскапиот автомобил во светот. Конкретно, овој примерок е произведен во 1962 година и е еден од само 36 направени парчиња. Ова е третиот произведен Ferrari 250 GTO, а за време на неговата 56-годишна кариера, овој автомобил бил управуван од познатиот Фил Хил во трката Targa Florio.

Почетната цена ќе изнесува 45 милиони долари, но аукционерите веруваат дека крајната цена би можела да надмине и 60 милиони долари. Како потсетување, најскапиот автомобил што некогаш бил продаден е исто така Ferrari 250 GTO кој чинел цели 38 милиони долари.

Ferrari 250 GTO користи 3.0-литарски V12 мотор кој развива 300 КС и 294 Nm. Моќта се пренесува на тркалата преку петстепен мануелен менувач.

Аукцијата ќе се одржи на 24-25 Август оваа година.