Што возат најголемите ѕвезди на Светското првенство во фудбал?
Фудбалската треска ја тресе целата планета, а во усчекување на новиот светски шампиони ви претставуваме кои автомобили ги возат најголемите ѕвезди на Светското првенство во Русија.
Лионел Меси
Првата виолина на Аргентина и Барселона, Лионел Меси, е страствен љубител на автомобилите. Официјалните информации велат дека Меси поседува десетина автомобили. Најскапиот примерок е секако Ferrari 335 S Scaglietti Spider, за кој се вели дека Лео платил 32 милиони евра. Аргентинскиот ас поседува и Ferrari F430 Spider, Maserati Granturismo MC Stradale, Audi Q7, Audi R8, Audi R8 GT, Mini Cooper S Cabriolet и Dodge Charger SRT8..
Во прилог на овие фантастични возила, Меси поседува и поевтини примероци како Range Rover Velar и Toyota Prius.
Кристијано Роналдо
Најголемата ѕвезда на репрезентацијата на Португалија и Реал Мадрид во досегашниот дел од шампионатот остави голем впечаток постигнувајќи четири гола во два натпревари. Се шпекулира дека Роналдо ќе го напушти Реал Мадрид ако клубот не ги исполни неговите нови барања за зголемување на платата. Како и да е, Кристијано уште од периодот кога играше во Манчестер Јунајтед е познат како човек кој е луд по автомобилите.
Неофицијално, Роналдо поседува дури дваесет, повеќето егзотични автомобили. Фудбалерот од Португалија во сопственост има Bugatti Chiron, Bugatti Veyron, Lamborghini Aventador LP 700-4, Bentley GT Speed, Aston Martin DB9, Audi R8, Ferrari 599 GTO, Ferrari 599 GTB Fiorano, Ferrari F430, Rolls Royce Phantom, Maserati GranCabrio.
Овде не е крајот на листата, затоа што во неа се само поскапите модели. Кристијано поседува и BMW M6, Bentley Continental GTC, Mercedes-Benz C-Class Sports Coupé, Porsche Cayenne, Porsche 911 Carrera 2S Cabriolet, Porsche Cayenne Turbo, Audi Q7, Audi RS6 како и Mercedes-Benz C220 CDI.
Нејмар
Предводникот и најдобар играч на Бразил и минатата година за огромна сума на пари од Барселона замина во Париз и ПСЖ. Барем според официјалните податоци, трансферот изнесува само 198 милиони фунти.
Како и другите колеги на оваа листа, Нејмар е колекционер на скапи автомобили. Возниот парк се состои Ferrari 458 Italia, Maserati MC12s (направени се само 50 примероци), Audi R8 Spyder, Audi RS7, Audi Q7 како и Porsche Panamera Turbo. Најевтин автомобил во колекцијата на Нејмар е практичниот Volkswagen Touareg.