Opel потврди – електричната Corsa пристигнува во 2020 година
Во согласност со новите планиви на групацијата PSA, чиј дел е сега и Opel, адутот на Германците од Б-сегментот во следната генерација преминува на CMP платформа за модели со мотор со внатрешно согорување, и на е-CMP за претстојната електрични Corsa
Opel најави дека електрифицираната верзија ќе го добие називот e-Corsa и ќе биде произведувана во фабрика во Сарагоса, Шпанија. Покрај тоа, новата Corsa ќе дели делови со Peugeotom 208 и DS 3 Crossback, а ќе биде основа и за следната генерација на Mokkа X.
Платформата е-CMP на PSA е развиена со помош на кинескиот Dongfeng, а според гласините електричната Corsa со едно полнење ќе може да помине до 450 километри. Електричниот мотор ќе се монтира на предната оска додека батериите ќе бидат под задните седишта.
Според првичните информации, е-Corsa на пазарот ќе пристигне во 2020 година, а во исто време, Opel ќе понуди и plug-in хибридна варијанта на Opel Crossland X. Од Opel наведуваат дека ќе биде овозможено полнење од суперполнач односно со една минута полнење ќе може да се поминат 12 километри.
Според планот на PSA, Opel и Vauxhall до 2024 година ќе понудат електрифицирани верзии на сите свои модели, а заклучно со таа година во потполност ќе се прејде на француски платформи и делови и на тој начин ќе се стави крај на ерата на General Motors.