Први фотографии од новиот Audi A1 / ФОТО

0

Иако официјалната премиера е планирана за крајот на оваа недела, на интернет се појавија првите официјални фотографии и индиректна потврда за достапност на два погонски агрегати

На прв поглед, евидентен е спортскиот дизајн, многу повеќе отколку што е случај со неговите „братучеди“ VW Polo и Seat Ibiza. Новиот модел ќе биде достапен само со четири врати.

Сликите до кои дошло изданието Autotijd покажуваат голема предна решетка на ладилникот во облик на саќе, лесно забележливи се LED светлосните групи и напред и назад, а на една слика може да се види на задниот дел на автомобилот и кодот 40 TFSI.

Овој знак е потврда дека под хаубата ќе има 2-литарски турбо мотор кој развива 200 КС и 320 Nm впарен со 6-степен автоматски менувач со двојна спојка, а можно е дека ќе биде достапна и верзија за мануелен пренос.

Сивиот автомобил, носи ознака 35 TFSI, што значи дека ќе го придвижува 1.5-литарски турбо мотор со 150 КС и 250 Nm. Барем според сликите, овој мотор ќе се нуди со мануелен менувач.

Фотографиите покажуваат и многу живописен ентериер. Се чини доста се екпериментирало, а ретро стилот го нашол своето место во новиот А1, првенствено преку воздушните доводи и рачките на вратите.

Audi A1 официјално ќе биде претставен во следните неколку дена, кога ќе бидат достапни и повеќе информации за овој автомобил.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »