Како паметните очила им помагаат во автомеханичарите / ВИДЕО
Механичарите на Porsche користат паметни очила, со што времето за поправка на автомобили е намалено за 40%
Благодарение на специјалните очила кои ги носат работниците во сервисите, експертите за одредени сегменти и автомобилски системи, кои може да се било каде, можат преку интернет да го видат проблемот и да му помогнат на сервисерот со соодветни совети.
Механичарот, исто така, добива повратен одговор со помош на паметните очила, во реално време, со што се скратува работниот процес и се заштедува време.
Porsche оваа пилот-програма ја има започнато во 2017 година, а во 2018 и 2019 планира да ја спроведе во 189 овластени сервиси во САД.